Убиен холандски фудбалер

Холандскиот фудбалер Келвин Мејнард синоќа е убиен во Амстердам. Искусниот 32-годишен дефанзивец во кариерата има играно за екипите на Волендам, Емен, Буртон и неколку помалку познати екипи од пониските лиги.

Во кобниот момент Келвин бил во својот автомобил кога му се приближиле напаѓачите кои биле на мотор. Биле испукани неколку куршуми, а фудбалерот веднаш починал. Полицијата засега не знае кои се напаѓачите.

Последните две сезони, Мејнард играше во нисколигашот Квик бојс, а во кариерата има настапувано и во првенствата на Португалија, Унгарија и Белгија.

 

- Оглас -

Најнови вести