Европскиот шампион во бокс во јуниорска конкуренција во 2017 и 2018 година, Максим Галиничев, е убиен на фронт во реонот Луханск, каде што беше дел од украинската територијална одбрана.
Младиот боксер уште од првите денови на руската инвазија врз Украина доброволно се пријави во одбранбените сили, а според медиумите, дури двапати бил ранет, но по заздравувањето, се враќал на фронтот.
Галиничев минатата година одби да настапи на Европското првенство во бокс и остана да се бори за ослободување на Украина, но на селекторот му ветил дека би настапил на Олимписките игри во Париз кои треба да се одржат идната година.
https://twitter.com/IFLTV/status/1640652167211106309?s=20