Убиен кошаркарот што му го скрши носот на Перо Антиќ во НБА

Светот на кошарката е во шок по веста дека е убиен некогашниот НБА-играч Едријан Пејн. Кошаркарот кој бил дел од екипите на Атланта, Орландо и Минесота, бил убиен денеска, во Мајами, потврди тамошната полиција.

Убиството на Пејн е само неколку дена пред кошаркарот да замине во Катар, каде што требаше да заигра за својот нов клуб Ал-Сад.

Пејн во Атланта играше во периодот кога меѓу Јастребите беше и единствениот Македонец кој заиграл во НБА-лигата, Перо Антиќ. Во 2014 година се случи еден немил настан на тренинг на Атланта, кога Пејн со лакт ненамерно му го скрши носот на Антиќ.

Освен во НБА, Пејн играше и во Европа и беше дел од неколку евролигашки екипи, но најдобар период помина во дресот на Панатинаикос.

- Оглас -

Најнови вести