Убиен водачот на навивачите на Црвена ѕвезда

Сопственикот на кафетеријата „Ритуал“ во Нов Белград, Лука Ж., синоќа е убиен додека бил во својот локал, пишуваат српските медиуми. Убиениот е познат како водач на навивачката група „Белград бојс“, која е дел од најверните фанови на Црвена ѕвезда. Тој е човек кој од претходно ѝ бил познат на полицијата поради работи поврзани со навивањето и Црвена ѕвезда.

Лука бил убиен пред својот брат и пријателите, додека седеле во кафетеријата. Младо момче облечено во работна униформа влегло во кафетеријата и побарало да оди во тоалет. Му било дозволено да влезе во тоалетот, а откако излегло, извадило пиштол и испалило неколку куршуми кон Лука.

Братот на убиениот и неговите пријатели успеале да го совладаат убиецот и да му го тргнат пиштолот, но потоа сите се фокусирале на давање помош на Лука, па убиецот успеал да ја искористи мешаницата и со електричен тротинет успеал да избега,а полицијата ги прегледува видеоснимките и уште трага по напаѓачот.

 

- Оглас -

Најнови вести