Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Франција, кој дојде до светската титула во 1998 година, Кристијан Карембу, ја извести јавноста дека двајца членови на неговото семејство се убиени во демонстрациите во Нова Каледонија. Карембу е роден и потекнува од оваа прекуокеанска територија, во која во моментов владеат нереди и демонстрации поради промената на изборниот законик, според кој автохтоното население смета дека ќе биде ставено во подредена положба наспроти останатите жители на Oстровот.
„Изгубив двајца членови на семејството, затоа сум во жалост. Двајца членови на моето семејство се убиени со истрели во глава. Тоа се убиства и се надевам дека ќе има истрага за тоа“, рече Карембу.
Nouvelle-Calédonie : "Deux membres de ma famille sont morts, ce sont des snipers" témoigne Christian @Karembeu qui était l'invité du Studio des Légendes avec @JacquesVendroux sur #Europe1 pic.twitter.com/3hLk73mANI
— Europe 1 (@Europe1) May 27, 2024