Тоско Бозаџиски еден од лидерите на Ултрас групата на фудбалскиот клуб Ботев е жртвата на смртоносниот напад во Солун на група од 15-20 навивачи на ПАОК.
Бозаџиски со уште двајца навивачи на Ботев пристигнал во Солун за да го бодри Арис на двата меча против ПАОК, саботниот фудбалски и неделниот кошаркарски меѓу двата големи градски ривали, но патешествието заврши со фатално прегазување со автомобил.
Навивачи на ПАОК ги нападнале тројцата Бугари, а еден од ултрасите на „црно-белите“ го прегазил Бозаџиски со автомобил. Ботев и Арис се пријателски клубови, па триото навивачи на клубот од Пловдив допатувале во Солун за да го бодрат грчкиот клуб.
Упасени се 14 лица, но не и убиецот, по кој се уште се трага.