Норвешкиот Бодо/Глимт е вистинска сензација во Лигата на шампионите откако за неполн месец успеа да ги победи Манчестер сити, Атлетико, а синоќа и Интер на домашен терен.
Клубот кој доаѓа од место со 53.000 жители синоќа славеше над Интер со 3-1, па сега ќе брани два гола предност на реваншот, кој ќе се игра на стадионот „Џузепе Меаца“ со капацитет од 80.000 гледачи.
Норвежаните до место во разигрувањето дојдоа откако на домашен терен славеа над Манчестер сити со 3-1 на 20 јануари, но и со триумфот на гостувањето кај Атлетико Мадрид (1-2), па со тоа покажаа дека знаат да играат фудбал и на гостински терен и во многу потопли краишта од Европа, а токму тоа треба да го плаши Интер со пресрет на реваншот.


