Челзи го разби Евертон со 4-0, со четири голови кои паднаа од 14-та до 54-та минута, со што Сините покажаа дека не случајно го држат четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампионите. Челзи е тим кој е спој на младост и искуство, и младинците и ветераните даваат придонес во победите. Од клупата ги води Френк Лампард, кој иако нема големо искуство како тренер, сепак добро се држи и веќе победи тројца свои учители.
Оваа сезона, Челзи ги победи Кристал Палас на Рој Хоџсон, Тотенхем на Жозе Мурињо и Евертон на Карло Анчелоти, екипи кои ги водат искусни тренери кои некогаш го имаат тренирано Лампард.
Евертон цели 25 години не знае за победа на гости кај Челзи. Две асистенции имаше Рос Баркли кој е екс играч на Евертон, а Оливие Ѓири е 50-ти играч во историјата на Премиерлигата со 80 голови.