Порто игра одбрана како од времињата кога тренер им беше специјалистот за бункери и дефанзива, Жозе Мурињо, а двојниот европски првак имаше неверојатно добра серија во оваа полусезона во португалското првенство.
Под команда на Сержо Консеисао, Порто одигра 7 меча на домашен терен и не прими ниту еден гол. Ефектот е максималen, популарните Змејови на „Драгао“ успеја 7 пати да победат со гол-разлика од 18:0.
Консеисао играше за Порто во еден период кога тренер му беше Жозе Мурињо, а за Специјалниот веќе се знае. Го бие глас дека перфектно знае да постави бункер, што честопати беше енигма за противниците, а со Порто освои и титула во Лигата на шампионите.
Сега и Консеисао полека, но сигурно прераснува во одличен стратег и тактичар, а не е мала работа да не се прими гол на 7 меча, па макар тоа било и на „Драгао“, каде што Порто секогаш е фаворит.
Интересно е што сосема спротивно, Порто примаше најмалку по еден гол во фазата по групи на сите три меча што ги одигра како домаќин. И Феенорд и Јанг бојс и Глазгов ренџерс ја тресеа мрежата на Маркезин, кој го брани голот на Порто.