Реал Мадрид ќе победи на гостувањето кај Реал Сосиедад в недела вечерта, а Ливерпул како гостин ќе го добие градското дерби против Евертон, сметаат најголем дел од прогнозерите кои досега типувале на натпреварите од 30-тото коло на Спортска прогноза. Дури 85 проценти од тие што досега прогнозирале, сметаат дека Реал од Мадрид ќе го победи Реал од Сан Себастијан, а 71 отсто типуваат триумф на Ливерпул против Карамелите.
Колото се отвора в сабота, во 15.30 часот, со дуелот на Лајпциг и Борусија Дортмунд, што е дерби во Германија, можеби и клучно за вицешампионската позиција. Вашите прогнози можете да ги давате до почетокот на тој меч, значи до сабота во 15.30 часот.
Можете да прогнозирате на 13 дуели од основната програма и на два резервни што редовно ви ги нудиме во бесплатната игра што ја организираме втора сезона по ред. По долг период чекање, конечно лигашки фудбал ќе има и во Италија и Англија, па Спортската прогноза во 30-тото коло од втората сезона ќе биде исклучитечно интересна за типување.
Наградите се стандардни, за погодена тринаесетка премијата е прекрасниот IPhone XS.
За една утка очекувајте ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за два утнати пара ви следува ваучер од 500 денари.
Битката за Генералниот пласман е исто така интересна. Христијан Т. долго време е лидер и фаворит за сезонската награда за шампионот, ТВ смарт од 48 инчи. Сепак, до крајот има уште доста да се игра, да се прогнозира и да се забавува, па ве очекуваме и во ова коло со вашите прогнози.
Оваа игра е бесплатна, па едноставно нема што да загубите, но може позитивно да бидете изненадени.