Учесниците на Спортска прогноза одлучија, Баерн е голем фаворит во Леверкузен

Денеска е претпоследен ден од можноста бесплатно да типувате на првото коло после корона-паузата на Спортска прогноза, и да бидете во конкуренција за добивање на некоја од наградите кои ги доделува Sport Life.

Колото е 28-мо, претставува продолжение на втората сезона на играта која ви е позната и бара само малку внимание, среќа и точни прогнози на 13 натпревари од основниот дел и две резервни двојки за да дојдете до супер награди.

Според процентите од оние што досега типувале, дербито на колото во Леверкузен меѓу Баер и Баерн, ќе заврши со победа на гостите. Засега, 72 отсто од прогнозерите се изјасниле за „двојка“, а само 6 проценти веруваат во победа на домашните. Баерн со победа ќе дојде на чекор од титулата, додека Леверкузен предводен од 20-годишниот феномен Каи Хаверц, брка место во Лигата на шампионите.

Најголем фаворит во колото според прогнозерите е Шахјтор Солигорск во дуелот со Енергетик БГУ од белоруската лига. Дури 92,3 проценти од прогнозерите типувале на победа на Шахтјор.

Потсетуваме дека премијата во секое коло е „IPhone XS“ и за него би треба максимално точна прогноза на сите 13 двојки од основната програма. За една утка Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, додека за 11 погодени двојки ви следува ваучер од 500 денари. Има уште доста награди, а не ги заборавајте и двата резервни пара кои носат поени во битката за Генерален пласман.

Таму премијата е ТВ Смарт од 48 инчи, што ќе му биде доделен на шампионот по завршувањето на втората сезона на Спортска прогноза, а награди од SL маркетот ќе добијат и сите кои ќе се најдат од второ до петто место. Во Генералниот пласман во водство е Христијан Т. со 185 поени, што е 13 поени предност пред најблиските конкуренти Петре И. и Славе Б.

Правилата за игра се едноставни. Потребно е само да имате картичка и да бидете дел од СЛ клубот. Со вашиот акаунт на Sport Life ќе имате пристап до понудените 13 мечеви за овој викенд.

- Оглас -

Најнови вести