Учител му одбрани пенал на Депај, но Холанѓанецот пак постави рекорд (Видео)

Холандија ја забележа најубедливата победа во синоќешните квалификации откако со 6:0 славеше над аматерите од Гибралтар. Со овој триумф, Лалињата останаа на чело на табелата во својата група и сега се многу блиску до пласман на Светското првенство во Катар.

Играч на мечот беше Мемфис Депај, кој постигна два гола и имаше две асистенции, но, сепак, голгетерот во еден момент не успеа да го надмудри гостинскиот голман Бредли Банда. Чуварот на мрежата на Гибралтар е човек кој работи како асистент-наставник во училиштето за посебни потреби „Сент Мартин“ во Гибралтар и успеа да му одбрани пенал на Депај.

Се играше 19-тата минута кога беше досуден пенал за Холандија, а Банда успеа да го одбрани ударот на Депај покажувајќи дека и аматерските голмани знаат да блеснат. Ова беше прв настап на Банда во репрезентативниот дрес на Гибралтар.

Депај промаши пенал, но потоа успеа да постигне два гола и со тоа да стане првиот репрезентативец на Холандија кој успеал во една календарска година да постигне 13 погодоци. Претходниот рекорд беше на Патрик Клајверт, кој имаше постигнато 12 голови во 2000 година.

 

- Оглас -

Најнови вести