Учител по граматика постигна историски гол за Оукленд против Бока јуниорс (Видео)

Аматерскиот тим Оуклeнд сити ја приреди најголемата сензација на Светското клупско првенство досега, откако одигра 1-1 против фаворизираниот тим на Бока јуниорс и освои историски бод.

Аргентинците поведоа по автогол на Натан Гароу, но во второто полувреме учителот по граматика Кристијан Греј го постигна првиот гол за Оукленд на првенството и донесе изедначување. Ова е особено значајно ако се знае дека Оукленд во првите две кола прими 16 гола од Баерн и од Бенфика.

Бока имаше 41 обид кон голот, 74% посед и дури 20 корнери, но не успеа да ја совлада аматерската екипа, која е 4.971-ва на ранкинг-листата на „Опта“, додека Бока е на 152-рото место.


Тимот на Оукленд вреди околу 4,58 милиони евра, во споредба со 86,55 милиони евра на Бока.

И двете екипи го завршија учеството во групната фаза, а понатаму од групата се пласираа Бенфика и Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести