Сијан Мејси-Елис, дамата од Ковентри, имаше три правилни одлуки во првото полувреме на лондонското дерби меѓу Челзи и Вест хем, па главниот судија Крис Кавању поништи дури три гола, два на Чеканите и еден на домаќините во првите 45 минути игра.
Сијан суди од 2009 година, а 12 месеци подоцна беше ставена и на листата на ФИФА за помошни судии. Во првото полувреме на лондонското дерби, 35-годишната учителка од Ковентри покажа врвни квалитети и искуство што го стекна во последните 10 години, кога имаше безброј мечеви и во машка и во женска конкуренција.
Челзи по еден час игра води со 1:0, со голот на Силва во 10-тата минута.