Удар за Манчестер сити, олеснување за Винисиус: Граѓаните без Кајл Вокер заминаа во Мадрид

Екипата на Манчестер сити на утрешното гостување кај Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе биде со ослабена одбрана. За Мадрид не отпатуваа Кајл Вокер и Нејтан Аке, додека Јошко Гвардиол е во експедицијата, но не се очекува да биде стартер и мали се шансите да игра 90 минути.

Ова се проблеми за менаџерот Пеп Гвардиола, кој веројатно во одбраната ќе почне со Аканџи, Стоунс, Рубен Дијаш и Рико Луис како квартет. Да беа здрави Вокер, Аке и Гвардиол, одбраната ќе изгледаше многу поинаку, а вака и клупата ќе биде тенка со квалитетни дефанзивци.

Особено проблематично може да биде отсуството на Вокер, кој важи за еден од бековите кои најдобро се справувале со брзиот Винисиус, кој е еден од најопасните играчи на Реал. Вокер се повреди неодамна на меч на кој играше против Винисиус, на пријателскиот меч Англија – Бразил.

- Оглас -

Најнови вести