Ден за победи на Македонците, ќе се радуваат и Димитриевски и Несторовски

1951 Карагумрук – Истанбулспор (Супер лига, Турција, 19 часот)

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми, кој е најдобар стрелец на Истанбулспор, веројатно нема да игра на денешниот меч поради повреда, што ќе биде голем хендикеп за гостите.

Карагумрук летово го купи Мбаје Дијањ од Галатасарај и Сенегалецот веднаш на стартот од сезоната со 3 гола и една асистенција на шест меча покажа дека е големо засилување за клубот од Истанбул.

Ова е специфичен меч бидејќи се работи за градско дерби и прв дуел на двете екипи во Супер лигата на Турција.

Предлог тип: Х (3.80)

 

2608 Гетеборг – Елфсборг (Алсвенскан, Шведска, 19.10)

Двете екипи имаат огромно реноме во шведскиот фудбал, а во титули Гетеборг е за трипати потрофеен со 18 шампионски круни, наспроти шест на Елфсборг.

Сепак, во моментов и двата клуба се далеку од врвот, а титула чекаат 10 години Елфсборг и 15 Гетеборг.

Ако домаќините победат, ќе имаат некакви шанси за излез во Европа, во спротивно и двете екипи ќе останат без настап во европските купови.

Ова е меч во кој ќе нема калкулации и би требало да има доста голови.

Предлог тип: 3+ (1.78)

 

3010 Верона – Удинезе (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Удинезе е екипата што беше во најдобра форма пред паузата за репрезентативни настапи во Лигата на нации и Зебрите имаа пет победи по ред, што ги доведоа до третата позиција.

Сега со победи ги прескокнаа и Лацио и Милан, но ако денеска ја надиграат и ја победат Верона, пак ќе бидат третопласирани само со бод зад водечкиот двоец Наполи и Аталанта.

Илија Несторовски има мала минутажа, иако на пријателски меч дава голови, па се очекува и на овој меч да биде на клупата за резерви.

Верона е во опасната зона само со пет бода на 7 меча и е аутсајдер против забревтаниот клуб од Удине.

Удинезе знаел да победува на „Бентегоди“, а типуваме дека и сега ќе си замине со полн плен во градот на Ромео и Јулија.

Предлог тип: 2 (2.35)

 

1010 Лестер – Нотингам форест (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Чудно е како Лестер со квалитетот и екипата што ја има е последен во Премиер лигата само со еден бод, шест порази и без победа по 7 кола.

Имињата на Варди, Ихеначо и Дака во нападот, потоа Медисон, Тилеманс и Еванс, кои беа меѓу најбараните играчи на летниот трансфер-пазар, би требало да бидат гаранција за брз излез од кризата.

Лисиците имаат и квалитетни дефанзивци, но во мозаикот на Брендан Роџерс очигледно дека нешто недостасува.

Денеска на гости им доаѓа двојниот европски првак, кој не игра добро во сезоната во која прослави камбек во Премиер лигата по 24 години.

Шумарите се претпоследни со 4 бода, само пред Лестер на табелата, и денеска мора да одат на победа исто како и домаќините.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.84)

 

1602 Рајо Валјекано – Елче (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Елче е единствениот тим во Ла Лига што сè уште нема победа во новата сезона и е цврсто закован за дното на табелата само со еден бод од шест меча.

Тоа мора да го искористи тимот за кој брани Столе Димитриевски и со евентуална победа денеска на „Валјекас“, домаќинот може да се пробие во Топ-10 во шпанското првенство.

Димитриевски и на почетокот на оваа сезона брани одлично и е еден од главните столбови на тимот од Мадрид.

Рајо има подобар тим, Елче е во криза со четири порази по ред, па ќе типуваме дека ќе го претрпи и петтиот пораз по ред.

Предлог тип: 1 (1.85) Супер тип на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести