Удинезе го потцени Кулушевски, и згреши

Парма го совлада Удинезе со 2-0 во меч од италијанската Серија А на кој македонскиот Швеѓанец Дејан Кулушевски, го постигна вториот гол во 34-та минута, а Илија Несторовски беше резерва кај гостите и влезе во игра во 76-та минута.

Погодокот на левучарот Кулушевски беше постигнат со шут со десна нога. Кулушевски имаше помош и од голманот на Удинезе, но покажа дека противниците не треба да му дозволуваат слободно да шутира од надвор од 16-никот ниту со послабата десна нога.

Во топ 5 лигите во Европа, од стрелците на барем пет гола сезонава, помлад од Кулушевски е само чудесниот Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Сампдорија одигра 0-0 со Сасуоло, а Верона беше подобра од Лече со 3-0.

- Оглас -

Најнови вести