Удинезе и Нестор го туркаат СПАЛ кон Серија Б

Удинезе освои седум од максимални девет бода во последните три меча, вклучувајќи ги и оние од вечерашниот триумф од 3-0 на гостувањето кај СПАЛ. Зебрите беа убедливи и го турнаа фенерџијата кон втората лига на Италија.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски заигра од 82-рата минута, во моменти кога дилемите беа разрешени. Де Паул и Окака стрелаа во првиот дел, а Ласања го постави конечниот резултат пред да му отстапи местото на Нестор.

Удинезе со деветтата победа сезонава брои вкупно 35 бода, кои засега му го гарантираат 14-тото место во Серија А, додека СПАЛ има 19 бода по 31 меч и е последен на табелата.

- Оглас -

Најнови вести