Удинезе ќе ја руши лошата традиција против Наполи, Лил оди на победа, Фенер е голем фаворит

1010 Кристал Палас – Манчестер јунајтед (21 ч.)

Кристал Палас е во одлична форма со три победи и едно реми во последните четири кола, па не е случајно што ја има фаворитската улога против еден Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи на девет од последните 10 средби даваат, но и промаат барем по еден гол. На седум од тие 10 дуели била добитна играта гол-гол 3+.

Кристал Палас го победи Манчестер на „Олд Трафорд“ сезонава па сигурно сега ќе сакаат да го повторат тој подвиг и дома.

Предлог тип: ГГ4+ (2.40)

 

1707 Лил – Лион (21 ч.)

Многу важен меч за домаќините кои сакаат да останат во Топ 4 во првенството и да обезбедат место во Лигата на шампиони. Лион е на средината од табелата, а некогашниот француски првак сезонава има оајна одбрана и прими 51 голови во 31 средби (четврта најслаба одбрана во лигата).

Лил е тимот со најдобар биланс на свој терен сезонава и во 15 меча има 11 победи, три реми и само еден пораз.

Предлог тип: 1 (1.92)

 

3611 Удинезе – Наполи (20:45 ч.)

Удинезе е во зоната за испаѓање и победата би им била „злато“ вредна. Тоа е тимот што се специјализираше за нерешени и има дури 17 икса.

Според традицијата, Наполи доминира во дуелите со Удинезе и има 14 победи и само две реми во последните 16 пресметки на овие екипи. Повеќе од осум години поминаа од последната победа на Удинезе против Наполи, но сега бодовите им се повеќе од потребни на домаќините.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.50)

 

1959 Коњаспор – Фенербахче (19 ч.)

Две екипи кои се со различни амбиции, но бодовите многу ќе им значат. Коњаспор е на последното место кое носи опстанок и се надева на бодови, но Фенербахче не се предава од трката за титулата, иако заостанува во однос на лидерот Галатасарај.

Фенербахче го има најдобриот напад во лигата, а Коњаспор е со вториот најслаб офанзивен ред.

Предлог тип: 2-2&2-4 (3.05)

 

2608 ГАИС – Гетеборг (19:10 ч.)

Меч од седмото коло во првенството на Шведска на две екипи кои не започнаа најдобро. ГАИС кој минатата сезона играше во втора лига, игра отворен фудбал без многу калкулации и затоа уште нема ниедно реми.

Токму затоа ова треба да биде пресметка на која треба да гледаме погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)

 

- Оглас -

Најнови вести