Удинезе купи искусен напаѓач, Несторовски го бараат три италијански тима

Шпанецот Фернандо Љоренте од Наполи го засили Удинезе и ја зголеми конкурецијата во офанзивниот ред во клубот чиј член е и нашиот репрезентативец Илија Несторовски. По доведувањето на Љоренте, во нападот на Удинезе најверојатно веќе нема место за Нестор и не е добро за прилепчанецот да седи на клупа во година во која треба да игра на Европско првенство.

Информациите од Италија се дека за Несторовски се интересираат три италијански клубови, и тоа сите второлигаши. Станува збор за СПАЛ, Монца и Бреша.

- Оглас -

Најнови вести