Удинезе ја „наполни“ мрежата на Рома – Нестор повторно на клупата за резерви

Удинезе му го нанесе првиот пораз на Жозе Мурињо и Рома во новата сезона. На „Дачија“ арената, домаќините славеа со 4:0 во меч од петтото коло во Серија А.

Нашиот репрезентативец, Илија Несторовски повторно беше на клупата за резервни фудбалери. Дестини Удогје погоди во петтата минута, а тимот од Удине ја потврди победата со головите на Лазар Самарџиќ (56′),  Роберто Переира (75′) и Санди Ловриќ во 82-та минута..

Со оваа победа, Удинезе дојде до десеттиот бод, исто колку што има токму и Рома а двата тима се на делба на петтото место.

- Оглас -

Најнови вести