Удинезе не им дозволува на Несторовски и соиграчите да тренираат

Иако калчолигашите добија дозвола од локалните власти да ги отворат тренинг-центрите за индивидуални тренизи, Удинезе нема да го стори тоа и ќе чека зелено светло од релевантните владини авторитети. Нашиот репрезентативец Илија Несторовски и неговите соиграчи најверојатно ќе мора да чекаат до 18 мај за да тренираат, датум кој е одреден за почеток на подготовките пред продолжување на сезоната во Серија А.

„Сите активности на комплексот „Дино Брусески“ ќе останат суспендирани сè додека не се дефинираат здравствените протоколи од страна на Владата“, стои во соопштението.

За разлика од Удинезе, екипите како Рома, Лацио, Болоња, Сасуоло и Наполи добија дозвола од локалните власти и уште денес почнаа со индивидуални тренинзи.

- Оглас -

Најнови вести