Удинезе се појави на стадион, а мечот не ни започна

Фудбалерите на Удинезе се појавија на теренот на „Дачија арената“ во предвидениот термин за дуелот против Салернитана, иако уште од претходно се знаеше дека натпреварот нема да се одигра.

Екипата на Салернитана воопшто не тргна на патувањето кон Удине затоа што здравствените власти во Салерно им забранија на локалните екипи да патуваат поради зголемениот број заразени членови на клубот.

Здравствените власти побараа целиот клуб да биде во карантин и воопшто да се одложат следните тренинзи на екипата.

Од Италијанската фудбалска федерација официјално не го одложија дуелот против Удинезе, па домашната екипа се најде на теренот. Претседателот на Италијанската федерација, Габриеле Гравина, е убеден дека протоколите во италијанскиот фудбал функционираат одлично и дека засега нема потреба да се одложуваат мечеви.

Удинезе автоматски доби службена победа од 3:0, а на Салернитана ѝ беше одземен еден бод од актуелното салдо. Слична ситуација на оваа во Удине се случи минатата сезона за дуелот меѓу Јувентус и Наполи. Тогаш на клубот Наполи не му беше дозволено да патува во Торино, па Јувентус доби службена победа, а на гостите им беше одземен еден бод од салдото. Подоцна Наполи се жалеше и беше речено дуелот да се преигра. И сега може да се случи нешто слично.

- Оглас -

Најнови вести