Додека играше во шпанскиот Леванте, Енис Барди се промовираше во еден од најдобрите изведувачи на слобони удари. Неговите погодоци ги споредуваа со тие што ги даваше Лионел Меси додека играше во Барселона.
Од пред неколку месеци Барди си замина од Леванте и потпиша за Трабзонспор. Турскиот тим синоќа играше во Лигата на Европа против францускиот Монако, а Барди постигна фантастичен погодок од слободен удар во победата од 4:0.
Голот на Барди не само што беше најдобар на мечот, туку УЕФА го прогласи за најдобар гол во четвртото коло од второто по ранг натпреварување на УЕФА.
https://twitter.com/i/status/1580861425249144832