Европската фудбалска федерација (УЕФА) непосредно пред извлекувањето на групите за претстојното Европско првенство кое ќе се игра во Германија, објави дека вкупниот награден фонд за континенталниот собир ќе изнесува 331 милиони евра.
Секоја од 24-те репрезентации само за учество на ЕП кое ќе стартува на 14-ти јуни идната година, ќе добие 9,25 милиони евра.
Секоја победа на репрезентациите на фудбалските федерации ќе им донесе по милион евра, а секој освоен бод ќе се наградува со 500.000 евра.
Пласман во осминафиналето ќе биде наградено со 1,5 милион евра, во четвртфиналето со 2,5 милиони, а во полуфиналето со 4 милиони евра.
Финалистот ќе добие дополнителни 5 милиони, а шампионот 8 милиони евра.
Максималната сума која шампионот може да ја заработи ако победи и на трите меча во групната фаза изнесува 28,25 милиони евра.
ЕП во Германија ќе се игра од 14 јуни до 14 јули идната година.