Европската фудбалска куќа (УЕФА) даде дозвола првенствениот меч меѓу Милан и Комо да го играат во Австралија, поточно во градот Перт. Ова ќе биде историски момент затоа што ќе се дозволи средби од европските првенства да се играат далеку, на други континенти.
Освен дуелот од Серија А меѓу Милан и Комо, барање да играат далеку од дома имаше и од Барселона и Вилјареал. Одлучено е овој меч од шпанското првенство да се игра во САД, поточно во Мајами.
УЕФА сега официјално ја потврди одлуката. Иако го повтори своето „јасно противење на играње натпревари од домашните лиги надвор од матичната земја“, управното тело на европскиот фудбал ги призна двата случаи како „исклучителни основи“ за одобрување.
„Лигашките натпревари треба да се играат на домашен терен; сè друго би ги лишило лојалните навивачи кои доаѓаат на натпреварите и потенцијално би внесло елементи на нарушување на натпреварувањата“, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој додаде дека оваа одлуката е донесена со тешко срце: „Иако е жално што мораме да дозволиме овие два натпревари да се одржат, оваа одлука е исклучителна и не треба да се смета за преседан. Нашата обврска е јасна: да го заштитиме интегритетот на националните лиги и да обезбедиме фудбалот да остане закотвен во својата домашна средина.“
СТАДИОНОТ НА МИЛАН ЌЕ БИДЕ ЗАФАТЕН ВО ПЕРИОДОТ КОГА ТРЕБА ДА ИГРААТ ПРОТИВ КОМО
Милан и Комо, со поддршка на раководството на Серија А, побараа нивниот дуел да се игра во Австралија во февруари 2026 година. Причината е од практична природа – стадионот „Меаца“, попознат како „Сан Сиро“, ќе биде окупиран во тој момент поради церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во 2026 година. Така Лука Модриќ со Милан и хрватската колонија во Комо (Мартин Батурина, Иван Смолчиќ, Никола Чавлина) ќе се соочат „на другата страна од светот“.
Од друга страна, Барселона и Виљареал добија дозвола да го играат својот натпревар во Мајами на 20 декември оваа година.