УЕФА денеска ќе донесе очекувана одлука – Финалињата во ЛШ и во ЛЕ ќе се играат без публика

Челниците на УЕФА денеска ќе ја соопштат очекуваната одлука, двете финалиња во Лигата на шамоионите и во Лигата на Европа да се играат без публика.

Во текот на денот преку видеоврска ќе има состанок УЕФА со претставниците на сите 55 европски национални фудбалски федерации, а ќе се разговара и за европските купови и за начинот на кој и до кога треба да се доиграат домашните првенства и, секако, за статусот на фудбалерите, клубовите и репрезентациите во услови на кризата со Коронавирусот.

Финалето во Лигата на шамопионите што требаше да се игра во Истанбул на 30 мај, од претходно беше поместено за 27 јуни, а денеска таа одлука треба да се потврди.

Британскиот „Индепендент“ од сигурни извори објави дека во Истанбул ќе се игра без публика, исто како и во Гдањск во финалето во Лигата на Европа, што сега е преместено за 24 јуни.

- Оглас -

Најнови вести