УЕФА донесе досега невидено правило поради корона-вирусот

Поради кризата со корона-вирусот и тесниот распоред во сезоната 2020/21, УЕФА беше принудена да воведе ново правило кое се однесува за меѓународните натпреварувања на репрезентативно ниво.

Имено, победник на натпревар ќе може да се одлучи по пат на ждрепка доколку закажаниот натпревар не се одигра поради позитивни случаи на корона-вирус и не може да се одреди нов термин. Во случај ниту една од двете селекции да не е одговорна за одложување, односно неможност да се одигра мечот, ждрепката ќе одлучува кому ќе му припадне победата со резултати 1-0, 0-1 или 0-0.

Според Европската фудбалска куќа, натпреварот ќе може да се одигра доколку репрезентацијата во која има позитивен случај на ковид-19 се појави најмалку со 13 играчи вклучувајќи и еден голман. УЕФА исто така може да го одреди местото на одигрување на презакажаниот натпревар и ако има потреба, тој ќе се одигра на неутрален терен во федерација-членка на УЕФА.

Во случај да има позитивен случај во арбитражниот тим, УЕФА може да посегне по заменски судии кои може да бидат од иста националност како една од репрезентациите, односно не мора да биде на листата на судии на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести