УЕФА дозволи да се виорат знамиња на „Голема Унгарија“

Фудбалската репрезентација на Унгарија вечерва на свој терен ќе игра против Естонија во пријателски меч, а многу „прашина“ се крена поради тоа што го подготвуваат навивачите на домашната селекција.

Унгарските фанови се гордеат со знамето на „Голема Унгарија“, во чии делови има територии кои сега им припаѓаат на Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Словачка, Романија и Украина и во последно време често го истакнуваат на трибините.

УЕФА во јануари даде забрана за користење на ова знаме сметајќи го како политички мотивиран симбол. Сепак, од Унгарската фудбалска федерација упатија барање да се дозволи користење на ова знаме и добија позитивен одговор. Унгарските медиуми пишуваат како добиле „зелено светло“ од УЕФА за да може ова знаме да се појавува на стадионите.

„Се работи за историска карта на Унгарија, која едноставно е погрешно протолкувана. Постои недоразбирање околу тие симболи, а за сето тоа виновни се медиумите. На следните мечеви ќе биде дозволено носење на стадион на знамиња со „Голема Унгарија“, посочија од Унгарската федерација.

- Оглас -

Најнови вести