23.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

УЕФА дозволи, но Баерн – Атлетико сепак ќе се игра пред празни трибини

Европскиот првак Баерн Минхен одбраната на титулата во ЛШ ќе ја почне против Атлетико Мадрид во првото коло од групите. Тимот на Ханси Флик на домашен терен ги почнува меѓународните обврски, а за овој меч е најавено дека нема да биде дозволено присуство на публика на „Алијанц арената“ иако УЕФА дозволи ограничен број на гледачи.

Европската фудбалска куќа одобри, но остави локалните власти да одлучуваат дали мечевите од Лигата на шампионите ќе се играат со присуство на навивачи. Во изминативе денови ситуацијата со ковид-19 се влоши во Минхен, по што локалните власти забранија собири во поголеми групи, како и отворање на вратите на спортските арени.

Дуелот Баерн Минхен – Атлетико Мадрид е закажан за 21 октомври.

 

- Оглас -

Најнови вести