УЕФА е немилосрдна – Русија доби забрана во сите натпреварувања

Европската фудбалска федерација на денешниот свој состанок во Нион, Швајцарија ги донесе одлуките за суспендирање на Русија и клчубовите од оваа земја.

Сите руски тимови имаат забрана за настап во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, во наредната сезона. Апликациите за организација на Европското првенство 2028 и 2032 автоматски се отфрлени, додека националниот тим ќе биде последнопласиран во групите за Лигата на нации.

Женскиот национален тим, пак, има забрана за настап на ЕВРО 2022 како и Светското првенство кое се одржува наредната година.

- Оглас -

Најнови вести