20.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

УЕФА е под огромен притисок, Израел утре ќе биде исфрлен од сите натпреварувања!?

Веќе неколку дена трае тензијата дека на 23 септември, на состанокот на УЕФА ќе биде донесена одлука за Израел да биде исфрлен од сите натпреварувања под капата на Европската фудбалска куќа.

Израел е под притисок поради воените дејствија што оваа земја ги врши врз Газа, па како казна би било исфрлање на сите нивни клубови од натпреварувањата на УЕФА, но и исфрлање на репрезентацијата на Израел од сите натпреварувања.

Израелските медиуми пишуваат дека постои реална причина за страв дека нивната земја може да биде исфрлена од УЕФА натпреварувањата. Наводно, Катар е земјата која извршила посебен притисок врз УЕФА и тоа е реакција по нападите на Израел врз Доха. Катарците инсистираат сите земји членки на УЕФА едногласно да се согласат дека Израел треба да биде исфрлен од сите натпреварувања.

Катар негува посебно добри односи со челниците на УЕФА, но и на ФИФА, па овие две главни фудбалски куќи треба да го исфрлат Израел.

Доколку се случи Израел да биде исфрлен, тоа ќе значи и крај за Макаби Тел Авив од лигашките мечеви во Лигата на нациите, додека репрезентацијата би била исфрлена од квалификациите за пласман на Светското пренство во 2026 година.

Израел моментно е на третото место во групата за пласман на СП 2026 година со девет бода, колку што има и втората Италија. Лидер во оваа група е Норвешка со максимални 15 бода, а тука се уште и селекциите на Естонија, која има три бода и Молдавија, која е без бодови.

Доколку се случи УЕФА да го исфрли Израел од натпреварувањата, тоа може да предизвика „домино-ефект“, па и други спортски куќи да почнат со суспензии на израелските спортисти.

Веќе неколку години УЕФА и ФИФА ја исфрлија Русија од сите натпреварувања и тоа е поради агресијата која Русија ја прави врз Украина.

- Оглас -

Најнови вести