УЕФА е свесна колку е значаен мечот, па реши најдобриот судија да биде главен на Интер – Барселона

Интер и Барселона се подготвени за вториот дел од мегапресметката која треба да го даде првиот финалист во Лигата на шампионите за оваа сезона. По првиот меч одигран во Барселона, резултатот беше 3:3, а сега Интер на свој терен го има адутот да се обиде да стигне до големото финале.

Челниците на УЕФА се свесни колку ќе биде значаен дуелот кој утревечер ќе се игра на „Џузепе Меаца“ во Милано, па немаше дилеми дека главен судија треба да биде некој кој е меѓу најдобрите.

Токму затоа решено е главен делител на правдата на „Џузепе Меаца“ да биде Шимон Марчињак. Полскиот судија е еден од најдобрите во светот и секогаш е дел од најзначајните натпреварувања. Марчињак беше главен судија во финалето на последното Светско првенство во Катар во 2022 година, кога Аргентина по подобро изведување на пеналите ја победи Франција.

Комплетно полска ќе биде судиската четворка на теренот, додека во ВАР-собата главни ќе бидат холандските арбитри Денис Хиглер и Пол ван Бекел.

- Оглас -

Најнови вести