Ѕвездите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе и Антонио Рудигер, беа казнети од УЕФА, но избегнаа суспензија и ќе можат да настапат на четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите, поради „непримерно однесување“ за време на прославата на претходниот натпревар со Атлетико Мадрид.
Мбапе и Рудигер добија условна суспензија поради „повреда на основните правила за пристојно однесување“, соопшти УЕФА. Казната е условна и важи во наредната една година.
Реал Мадрид ќе се соочи со Арсенал во вторник, во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Обвиненијата беа покренати поради начинот на кој фудбалерите го прославија триумфот над Атлетико Мадрид на пенали во осминафиналето, одиграно на 12-ти март. На видеа кои кружат на социјалните мрежи, се гледа како Мбапе гестикулира непристојно, фаќајќи се за меѓуножјето на теренот.
УЕФА соопшти дека Рудигер е казнет со парична казна од 40.000 евра, Мбапе со 30.000 евра, а третиот фудбалер на Реал, Дани Себаљос, е казнет со 20.000 евра.
Во истрагата беше вклучен и Винисиус јуниор, но УЕФА потврди дека против него нема покренато обвиненија.