Европската куќа на фудбалот, УЕФА казни осум европски тимови поради тоа што го прекршиле финансискиот фер плеј.
Меѓу нив се Интер (4 милиони евра), Милан (2 милиони евра), Јувентус (3.5 милиони евра), Рома (5 милиони евра), Олимпик Марсеј и Бешикташ (600 илјади евра), Монако (300 илјади евра), а најмногу треба да плати ПСЖ.
Парижаните добија казна од 10 милиони евра, а истите клубовите ќе ги исплатат кон УЕФА, така што ќе добијат помала сума на пари од европската куќа на фудбалот.
Интерено е тоа што на оваа листа ги нема Барселона, Манчестер сити и Манчестер јунајтед кои што потрошија стотици милиони евра во последните неколку трансфер периоди, но не добија ниту едно евро казна.