Европската куќа на фудбалот, УЕФА, ги објави термините за плеј-офот од Лигата на шампионите. Она што со нетрпение се очекуваше од навивачите е терминот за мечот помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.
Спектаклот на „Етихад“ ќе се одигра на 11-ти февруари, вторник, во терминот од 21 часот, кога ќе се играат и натпреварите Јувентус – ПСВ и Спортинг Лисабон – Борусија Дортмунд. Во 18:45 ќе играат Брест – ПСЖ.
Во среда, на 12-ти февруари, програмата ја отвораат Бриж и Аталанта во 18:45, додека во 21 часот играат Монако – Бенфика, Селтик – Баерн Минхен и Феенорд – Милан.