УЕФА ги одложи финалињата во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа за подобри времиња

УЕФА донесе и формална одлука да ги одложи трите големи финалиња за највредните европски пехари и мечевите за титулите во машката и женската Лига на шампиони и во Лигата на Европа се одложени за подобри времиња.

Поради Коронавирусот, нема да се играат во предвидените термини, а дополнително ќе се донесе одлука за нови датуми кога ќе се одиграат финалињата во реномираните европски купови.

Финалето во ЛШ во машка конкуренција требаше да се игра на 30 мај во Истанбул, а завршниот меч за пехарот во Лигата на Европа беше закажан за 27 мај во Гдањск.

Дамите требаше да играат на 24 мај во Виена, но финалето е пролонгирано за период кога ќе мине епидемијата со Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести