Европската куќа на фудбалот, УЕФА, и официјално ги одреди судиите за завршните натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Конференциската лига, како и за Лигата на нации.
За главен судија на финалниот меч од Лигата на шампионите, кој ќе се одигра на 31-ви мај во Минхен, е делегиран романскиот судија Иштван Ковач. На мечот помеѓу Интер и ПСЖ ќе му помагаат неговите сонародници Марица и Туњоги.
На 21-ви мај во Билбао ќе се игра финалето од Лигата на Европа помеѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем, а на центарот ќе биде германскиот судија Феликс Цвајер.
Босанскиот судија Ирфан Пељто ќе биде главен на финалето од Конференциската лига помеѓу Челзи и Бетис. Овој натпревар ќе се одигра во Вроцлав на 28-ми мај.
Сандро Шерер од Швајцарија ќе биде главен судија на финалниот меч од Лигата на нации, а таму ќе играат победниците од дулите Германија – Португалија и Шпанија – Франција. Финалето се игра на 8-ми мај во Минхен.