УЕФА ги одреди судиите за дуелите во Торино и Барселона во ЛШ

Барселона на „Камп Ноу“ го го пречека Манчестер јунајтед, а Јувентус во Торино игра против Ајакс, во реванш дуелите од четвртфиналето на Лигата на шампиони. Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги одреди судиите кои треба да ја делат правдата на тие две средби.

Домаќините на двата меча се фаворити. Јувентус одигра 1:1 во Амстердам и на свој терен доволно е да одигра без погодоци за да оди во полуфиналето. Мечот во Торино ќе го суди Клемент Турпин од Франција.

Правдата на „Камп Ноу“ е доделена на Феликс Брих од Германија, кој е еден од најпознатите судии во светот. Барселона има предност од 1:0 по првиот меч на „Олд Трафорд“ и само рутински треба да го одработи реваншот.

- Оглас -

Најнови вести