34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

УЕФА ги потврди градовите-домаќини за следните четири финалиња во ЛШ и ЛЕ

УЕФА ги потврди стадионите на кои ќе се играат наредните четири финалиња во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Истанбул дочека правда откако последните два финални дуели беа релоцирани во Лисабон, односно Порто, па ќе биде домаќин на финалето во сезоната 2022/23.

Една година порано битката за европската титула ќе се одвива на „Крестовски“, или „Газпром арената“ во Санкт Петерзбург, додека во 2024 и 2025 година ќе се игра на „Вембли“ во Лондон, односно на „Алијанц арената“ во Минхен.

https://twitter.com/UEFA/status/1416082246809817091

Што се однесува до наредните четири финалиња во Лигата на Европа, тие по ред ќе се играат во Севилја, Будимпешта, Даблин и Билбао. УЕФА направи компрмис со Даблин и Билбао како градови во кои требаше да се одиграат дел од натпреварите од Европското првенство, но ги повлекоа домаќинсвата.

Билбао во 2024 година ќе биде домаќин на финалето во ЛШ во женска конкуренција, па една година подоцна ќе ги дочека двете најдобри екипи во Лигата на Европа.

Инаку, ждрепките за групната фаза во сите три натпреварувања на УЕФА за следните две сезони, ќе се одржат во Истанбул.

https://twitter.com/UEFA/status/1416083314096627714

- Оглас -

Најнови вести