УЕФА ги смени судиите што требаше да ја делат правдата на Македонија – Италија

Европската фудбалска федерација (УЕФА) вечерва направи промена на судиите кои требаше да ја делат правдата на дуелот Македонија – Италија во Скопје на 9 септември. Првично, за главен арбитар беше назначен Германецот Феликс Цвајер, но дојде до промена.

Француска судиска тројка на чело со Франсоа Летисие ќе бидат судиите на дуелот на арената „Тодор Проески“. Негови помошници ќе бидат Закрани и Рамуни, а Французи ќе има и во ВАР собата.

Летисие има судено на младата репрезентација на Македонија и тоа на Европското првенство во Полска во 2017 година, кога предводник на нашите млади надежии беше Благоја Милевски. На дуелот на кој Летисие беше главен, Македонија ремизираше 2:2 против Србија.

- Оглас -

Најнови вести