Во најголем дел од европските фудбалски првенства се играат првите неколку кола, изминатиов викенд во една европска земја се случи шампионско славење. Екипата на Викингур е новиот првак на фудбалското првенство во Исланд и со тоа си обезбеди место во квалификациите за Лигата на шампионите за следното лето.
За разлика од најголем дел од европските шампионати, во Исланд се игра во поинакви термини. Поради ладните зими, првенството започнува напролет и трае до есен. До крајот на шампионатот има уште три кола, а Викингур веќе има 11 бода пред второпласираниот Валур, што значи дека може да започне шампионското славење. Според распоредот, првенството во Исланд ќе заврши на 8 октомври.
Викингур вечерва гостува кај Брејдаблик, кој е третопласиран и се бори за место кое води излез во Европа за следната сезона.