Европската фудбалска федерација (УЕФА) внимателно ги следи случувањата во италијанскиот фудбал каде на „тапет“ е Јувентус. Најтрофејниот италијански клуб беше казнет со одземање на 10 бодови, па од второто место на табелата, падна на седмата позиција и до крајот на првенството ќе се бори за излез во Лигата на Европа.
Весникот „Газета дело Спорт“ најавува дека во УЕФА планираат да спроведат своја истрага околу сите случувања поврзани со Јувентус. Се очекува Старата дама да добие и казна од УЕФА, но таа казна може да биде многу поблага, доколку челниците на Јувентус и официјално се откажат од формирањето на новата Суперлига.
Јувентус заедно со Реал Мадрид и Барселона беа трите европски гиганти кои ја започнаа идејата за формирање Суперлига, но сега се очекува италијанскиот клуб и дефинитивно да се откаже од овој експеримент.