УЕФА го има подготвено планот за ЕП 2020, ЛШ и домашните првенства

По повеќе од едномесечен хаос во фудбалската Европа, многу веројатно е дека УЕФА го има најдено решението. Европската фудбалска куќа за утре во Нион има закажано состанок на кој треба да учествуваат преставниците на сите 55 федерации, како и претставници на Здружението на клубовите и ФИФПро организацијата. Состанокот ќе се одржи преку видеосистем.

Според информациите од Нион, Европското првенство кое требаше да се игра летово, ќе биде одложено и ќе се игра во периодот од 23 ноември до 23 декември. По завршување на континенталниот собир, треба да се продолжи со натпреварите во националните првенства.

Што се однесува до домашните првенства, секоја федерација самостојно ќе треба да одлучи како ќе го заврши првенството. Опасноста од Коронавирусот би требало целосно да исчезне до септември, а многу претходно би се играле и мечевите од Лигата на шампиони и Лигата на Европа.

Планот е во мај да се доиграат мечевите од осминафиналето во ЛШ и ЛЕ, најверојатно без публика, а потоа во четвртфиналето да се игра само еден меч. Победниците потоа би играле во фајнлфор-турнир, по кој треба да се одлучат шампионите во Лигата на шампиони и Лигата на Европа.

Дали сите овие претпоставки се точни или повторно се некои шпекулации, ќе се знае утре, по завршувањето на состанокот на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести