УЕФА го истражува трансферот на Фернандеш во Јунајтед

Европската фудбалска куќа отвори истрага околу трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед поради нерегуларности во исплатата. Португалскиот репрезентативец ги напушти редовите на Спортинг Лисабон во изминатиот јануарски преоден рок за сума од 55 милиони евра, но целата сума наводно не им припаѓа на Лавовите.

УЕФА реагираше по жалбата на Сампдорија бидејќи екипата од Џенова требало да добие 10% од трансферот, клаузула која била ставена при договорот меѓу Спортинг и Сампдорија. Фернандеш речиси пред три години се пресели во родната земја од редовите на калчолигашот за 8,5 милиони евра, а вклучената клаузула била ставена како гаранција за Самдпорија за дополнителна заработка доколку Спортинг се најде во ситуација да го продаде одличниот играч за врска, како што сега е случајот.

Според сумата која Црвените ѓаволи ја исплатија за ангажманот на Фернандеш, Сампдорија треба да инкасира околу 5,5 милиони евра.

Сепак, од Спортинг се сигурни дека имаат докази и не се обврзани да ја почитуваат клаузулата. Фернандеш беше дел од групата членови на тимот кои своеволно го раскинаа договорот со клубот по инцидентот во мај 2018 година, а потоа одлучи да ја обнови соработката како слободен играч.

- Оглас -

Најнови вести