20.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

УЕФА го израдува Реал Мадрид со изборот на судија за дуелот во Истанбул

Веста дека Италијанецот Даниеле Орсато ќе им суди на утрешното многу важно гостување кај Галатасарај во Лигата на шампионите во Реал Мадрид сигурно ја примиле со задоволство бидејќи имаат убаво сеќавање од арбитражата на овој судија.

Во декември 2015 година Реал го растури Малме со 8-0, што е рекордна победа на клубот во ЛШ, а тогаш на „Сантијаго Бернабеу“ судеше токму судијата Орсато, кој 11 години дели правда во Серија А.

Најтрофејниот европски клуб има само еден бод по две кола и очајниот старт во ЛШ може да го покрие само со победа кај Галатасарај. Тимот е дополнително под притисок по слабата игра и поразот од Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести