УЕФА ја бодри Италија да издржи во битката со Коронавирусот на интересен начин, со потсетување на дел од мајсториите на асовите што играат на Чизмата, а меѓу нив е и голот на Горан Пандев во Минхен против Баерн во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите во 2011 година.
Капитенот на македонската репрезентација тогаш го постигна последниот гол за Интер во победата од 3:2 против германскиот првак и му обезбеди на својот тим пласман во четвртфиналето.
https://twitter.com/UEFAcom_it/status/1239212290756444160?s=20
Пандев погоди мајсторски во 88-мата минута, а тој погодок беше клучен за елиминација на Баварците. Првиот меч го доби Баерн со 1:0 во Милано, но при израмнет вкупен резултат од 3:3, Интер постигна повеќе голови на гости и го доби двомечот.