Легенда е Гоче – УЕФА го крева моралот на Италија со голот на Пандев против Баерн (Видео)

УЕФА ја бодри Италија да издржи во битката со Коронавирусот на интересен начин, со потсетување на дел од мајсториите на асовите што играат на Чизмата, а меѓу нив е и голот на Горан Пандев во Минхен против Баерн во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите во 2011 година.

Капитенот на македонската репрезентација тогаш го постигна последниот гол за Интер во победата од 3:2 против германскиот првак и му обезбеди на својот тим пласман во четвртфиналето.

Пандев погоди мајсторски во 88-мата минута, а тој погодок беше клучен за елиминација на Баварците. Првиот меч го доби Баерн со 1:0 во Милано, но при израмнет вкупен резултат од 3:3, Интер постигна повеќе голови на гости и го доби двомечот.

 

- Оглас -

Најнови вести