Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши да го одложи дуелот меѓу Косово и Русија во квалификациите за Европското првенство во женска конкуренција кое ќе се игра во 2021 година. Дуелот требаше да се игра на 4 октомври во Приштина, но, сепак, стравот од можни инциденти беше причина за одложување на средбата.
„Оваа одлука е поради безбедносни причини. Датумот и местото на одигрување ќе бидат дополнително одредени“, стои во официјалното соопштение.
Во досегашниот дел од квалификациите, Русија има шест бода и заедно со Холандија ја делат лидерската позиција во групата А. Косово е на четвртото место само со три бода.