32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

УЕФА го одреди датумот за финалето во Лигата на шампиони за следната сезона

УЕФА го одреди датумот за финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2019/20. Битката за престижниот трофеј ќе се одржи на 30-ти мај 2020 година. Спектаклот во Истанбул на стадионот „Кемал Ататурк“ ќе се игра за првпат по 2005 година, во она славно финале во кое Ливерпул се врати од три гола негатива против Милан и на пенали ја освои петтата и последна европска титула.

Првите полуфинални средби ќе се играат на 28-ми, односно 29-ти април, додека реваншите се предвидени за петти, односно шести мај. Истанбул и годинава ќе биде домаќин на собир на УЕФА – на 14-ти август на „Водафон арената“ ќе се игра Суперкупот на Европа.

Финалето во ЛШ  оваа сезона ќе се игра на први јуни во Мадрид, во модерниот „дом“ на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“.

- Оглас -

Најнови вести